| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Царнаев планирале самоубиствени напади на 4 јули

Браќата Царнаев кои се осомничени за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон, првично го планирале нападот за 4 јули годинава, но се одлучиле порано да го изведат затоа што успеале бомбите да ги направ побрзо од планираното.

Весникот Њујорк тајмс пишува дека помладиот брат Џохар Царнаев им признал на истражителите дека со брат му Тарлан, кој беше убиен при апсењето, размислувале за самоубиствен напад на Денот на независноста на САД на 4 јули. Бомбите ги правеле во станот на постариот брат во Кембриџ, но бидејќи успеале да ги состават порано од планираното решиле да нападнат на Денот на патриотите.

Претходно, градоначалникот на Њујорк, Мајк Блумберг изјави дека бомбашите планиране напад и во Њујорк, кој требало да биде нивна следна мета. Планот бил да се нападне Тајм сквер на некој од празниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top