| четврток, 6 декември 2018 |

Се гради Трансбалкански коридор, договорот потпишан вчера

Договорот за изградба на Трансбалкански електроенергетски коридор преку Црна Гора вреден 25 милиони евра, кој го финансира Европската унија, а го имплементира Германската развојна банка (KfW) е потпишан вчера во Ластва Грбаљска.

Договорот го потпишаа министерот за економија на Црна Гора Владимир Кавариќ, членот на Управниот одбор на KfW за Европа и Азија, Роланд Силер и извршниот директор на Црногорскиот електропреносен систем Иван Булатовиќ.

– Проектот подразбира јакнење на црногорската инфраструктура поврзана со подморски кабли и изградба на далноводи во Црна Гора и Србија. Вкупната вредност на проектот е 127 милиони евра. Црногорски електропренос со помош на Владата на Црна Гора обезбеди кредитни средства од страна на ЕБРД и KfW, а договорот, кој го потпишуваме претставува кофинансирање на тие кредитни средства од донации во износ од 25 милиони евра, нагласи Кавариќ.

Министерот за економија потсети дека проектот има огромно значење за енергетиката и целокупната економија на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top