| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Нуланд на 11 јули во Скопје

VIKTORIJA-NULAND-SO-GRUEVSKI-8

Помошник-државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања Викторија Нуланд на 11 јули (понеделник) ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска Стејт департментот.

– Нуланд ќе разговара со високи владини претставници за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршка на работата на Специјалното обвинителство, и создавање услови за кредибилни избори, се наведува во соопштението.

Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top