| четврток, 6 декември 2018 |

Најново истражување: Тестенините не дебелеат!

Ако сте едни од оние кои многу сакаат да јадат тестенини, но редовно избегнуваат поради страв за својата тежина, слободно може да почнете да јадете.

Најновото истражување спроведено во Италија покажува дека не само што тестенините не дебелеат, туку се поврзуваат со намалување на индексот на телесната маса, пишува „Тајм“.

Ова истражување е спроведено на 23 илјади Италијанци кои се хранат со типично медитеранска храна која вклучува тестенини, маслинки, домати, моцарела.

Истражувачите не успеале да ја поврзат исхраната со тестенини со дебелеењето.

Италијанците јадат неколку пати на ден, а сервираат мали порции и не бараат репете. Уживаат во свежи и здрави намирнци и често јадат оброци кои имаат неколку состојки. Нивните шпагети не пливаат во масен сос, туку сосот е само да го засили вкусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top