Големите поплави во Турција го парализираа животот во некои области на земјата. Во црноморскиот регион, во реонот на градот Орду, обилните врнежи предизвикаа смрт на две лица, а едно се води за исчезнато, информира вицепремиерот Нуман Куртулмуш, цитиран од ТВ-каналот НТВ.

Особено големи штети врнежите предизвикаа во селата Фатса и Першембе, каде што се регистрирани посочените жртви. Екипи на цивилната заштита и натаму трагаат по исчезнатиот.
Врнежите почнале претходниот ден и траат и денеска.
Прелеана е реката Каџала, што поплави неколку села и предизвика лизгање на земјиштето.
Разурнати се осум мостови, а повеќе од 10 станбени згради останаа под вода. Надојдената река ги повлекла автомобилите и ги поплавила станбените згради.
Екипи на цивилната заштита со помош на војската спасувале луѓе од поплавените станови во малата Тарлаџан и Јумруташ. Во некои од малата има прекин во снабдувањето со електична енергија.
Поплави и свлечишта има и во соседните окрузи Артвин и Трабзон, каде што засега нема жртви, но има поплавени патишта, поради што се создадени долги редици од автомобили.
Според синоптичарите, врнежи има и во југоисточна Анадолија, во областите Малатија, Елезаг, Адјаман и други.
Пороен дожд се излеа и врз Истанбул, во реонот на квартот Мертер, на европскиот брег од градот. Поплавени се долните делови од некои станбени згради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


