| четврток, 6 декември 2018 |

И на Харис Џиновиќ му дојде крајот – еве кој ќе го замени

 

haris

Третата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“ ќе биде во целосно ново руво, па досегашното жири ќе биде комплетно изменето. Откако Цеца ја напушти судиската фотелја, по неа си оди и Харис Џиновиќ, а на негово место ќе дојде атрактивната Наташа Беквалац.

haris2

Новото  жири на „Пинкови ѕвезди“ ќе го сочинуваат Драгана Мирковиќ, Зорица Брунцлик и Наташа Беквалац, додека продукцијата преговара со уште две славни личности, кои од септември ќе се најдат во црвените фотелји и ќе решаваат за судбината на младите кандидати.

Како и продуцентите и старата постава на жирито се согласи дека е време за промени, па во новата сезона од старата постава ќе остане единствено водителот Милан Калиниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top