„Пржино“, наметнато како „алатка“ за решавање на политичката криза во Македонија, се покажа како тест за зрелоста на политичките субјекти во државата… Периодот по Пржино е верификација… На виделина излезе сета инсуфициентност /политичка/ на водството на СДСМ и неговите “истурени” советници, но и слабостите на самиот “Договор” менаџиран директно од “маѓународнaта” (ЕУ и САД амбасадорите).
Бланко поддршката дадена на една несериозна политичка структура, на нејзиното партиско водство од страна на странските амбасадори, се покажа нецелисходна! Затоа и изостанаа резулатите од “посредништвото”! Застанаа зад лидер аболиран од претходен Претседател на Р.М., поради обвинение (2008) за сторен криминал, во моментот соочен и со други сериозни обвиненија, а не го охрабруваат да се откаже од помилувањето во интерес на неговиот кредибилитет, на што инаку многу инсистираат – ама, еднострано. Покажаа голема “посветеност” на нелегалните прислушувачки материјали (на приватни телефонски разговори!) и на активностите на СЈО и нивните медиумски “спектакуларни” настапи при објавување на реторички криминал на актуелната власт, не криејќи ги своите симпатии и релации со ова политичко, неуставо тело. Забелешките на сметка на работата на истото ги толкуваа/т/ како притисок врз него, ама според /некои од/ нив не е притисок врз суд-овите во државата кога јавно го изнесуваат “своето мислење во врска со начинот на нивното функционирање”, или излегуваат со “срамежливи” барања (ако се може, ако /им/ помине?!) за Специјален судски оддел за СЈО? Во нивните (европски) држави тоа би било оквалификувано како мешање во работата на институциите, неспоиво со правилата на дипломатијата. Неприфатливо е и во Македонија, за македонските граѓани! Се восприма како недозволив преседан!
Да се навратиме на Пржино… Поради сè она што се изроди од Пржино – по Пржино, чувството на народот дека е саботиран не само од одвнатре, туку и од оние од кои очекуваше поддршка на евроатлантскиот пат значајно се засили; се покажа неефикасноста на /некои/ сегменти од овој “Договор”, кој беше замислен да помогне во решавање на наметнатата политичка криза, но се претвори во нешто сосема друго. Стана параван за реализација на единствената цел на СДСМ – нелегално влегување во ВЛАДАТА на Р.Македонија. Перфидно смислено, спротивно на сите правила и принципи на демократскиот свет. “Пржино” стана олицетворение на политичките желби на СДСМ поддржано од некои (ЕУ и САД) амбасадори во земјава. Сите “точки” во Договорот беа во таа насока. Се прокламираше правда, почитување на законите, правна разрешница на политичката криза, а скоро сите решенија и планирани постапки во “необичниот договор” (како што го нарече Jason Katz во The Washington Times”, 20. Март 2016) беа незаконски и неуставни! Реформите во земјата – и така, континуирано си течеа!
Окосница на Договорот од Пржино бе/а/ше: датум за предвремени избори, оставка на Премиерот 100 дена пред изборите, формирање на преодна (техничка) влада за спроведување на избори-те, формирање на СЈО.
Времето покажа дека СДСМ сака-ше избори, но – како фарса! Суштинската цел беше отстранување на г. Никола Груевски од позицијата Премиер на владата – отстранување на леглно избраниот, промоторот на позитивните движења во земјата! Веројатно сметаа на колапс на владините активности и неисполнување на предизборните ветувања од 2014!
Дефинираните изборни датуми (прво априлскиот, потоа и јунскиот) со деструктивни протести низ градските улици, со помош на амбасадорите, и притисок врз ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ успеа да ги избегне! Двапати договори, двапати потпиша /заедно со странските посредници/ – двапати избега од избори! Не вреди да се набројуваат недоследностите, опструкциите, кршењето на договореното од Пржино од страна на СДСМ и нивните поддржувачи на секој можен начин. Го саботираа/т “Договорот”, ја продолжуваат политичката неизвесност во земјата, со нови и нови интриги, манипулации на тема избори, избирачки список, медиуми…
Следејќи ги нелогичните случувања во земјава, логично е човек да се запраша: – Подлегнаа ли “Странците” на флоскулите и празната обвинувачка реторика на СДСМ против легалната власт на државата, или беа главни сценаристи на случувањата?! Зошто замижуваа/т на опозициските активности спротивни на Договорот?!
Техничката /преодна/ влада во која партиски функционери на СДСМ влегоа како министри во најзначајните министерства – беше неуспешна! Ги прашаа ли, зошто не работеа на решавање на проблемите поврзани со изборите, заради што всушност беше формирана Техничката влада, и на што го базираа целиот политички хаос што го предизвикаа!
Потезите на СДСМ во постпржинскиот период, а пред се необмислените, блефирачки /министерски/ оставки (законски реализирани во Собранието!) ја покажаа сета незрелост, неодговорност и недораснатост на водството на оваа партија за сериозни политичка одлуки во интерес на државата! И, што е уште позначајно – доказ за реалната нефункционалност на една нелегитимна – преодна, техничка, експертска или, како и да е наречена таква нелегално создадена влада! Оттаму, крајно несериозно и неодговорно е некој и да помисли за повторно “создавање” на ваква “управувачка творевина” во државата.
И за крај. Сега, по сите случувања во државата, по “Пржино”, веќе појасна е сликата за политичката зрелост и државотворниот капацитет на одделните субјекти – политички партии, поединци… Како “додадена вредност”… од “Пржино”…
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст