| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство во Прилеп

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на местото каде што 22-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани, се обидел да лиши од живот 35-годишно лице од село Чепигово, општина Прилеп.

полиција

Имено, вчера околу 19.30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. Причината за овој кривично–правен настан се претходно нарушени односи помеѓу двете лица. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, по увидот на самото место, издаде наредби за обезбедување материјални докази пронајдени на местото на настанот.

Врз оштетениот е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност.

По пристигнувањето на кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежниот јавен обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top