| четврток, 6 декември 2018 |

Два бомбашки напади во Јемен – 10 лица загинаа

jemen

Најмалку 10 лица загинаа во два самоубиствени напади со автомобил бомба во воената база кај меѓународниот аеродром во Аден, во јужниот дел на Јемен, јавуваат светските агенции.

Неименуван воен извор вели дека напаѓачите се џихадисти и дека активирале автомобил со експлозив на влезот во базата и така овозможиле во неа да влезе друго возило што би експлодирало, пренесува АФП.

Пристанишниот град Аден е под контрола на владините сили што се обидуваат да го обезбедат повеќе од една година откако го вратија под контрола од бунтовниците, шиитските Хути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top