Федералното истражно биро денес објавило дека нема да препорача поднесување на обвинение против Хилари Клинтон поради нејзиното користење на приватен е маил во времето кога била државен секретар.
Директорот на ФБИ, Џејмс Коми изјавил дека ниеден „разумен обвинител” не би отворил такво обвинение, но и дека Клинтон била „премногу невнимателна” при работата со доверливи информации.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, остро реагирал на таа одлука и ја нарекол „нечесна”.
-Многу, многу нечесно. Како и обично лоша проценка, системот е наместен, напишал тој на Твитер.
-Директорот на ФБИ вели дека „расипаната” Хилари ја компромитирала нашата национална безбедност. Но, нема никаква кривична пријава. Зошто?!, рекол Трамп и додал дека “работењето на Клинтон со приватен мејл ја загрозило националната безбедност”.
Клинтон претходно известила дека ниеден мејл не бил означен како „таен” во времето кога бил пратен од нејзината адреса. ФБИ, сепак, пронашол повеќе од 100 мејлови кои ја имале таа класификација, на повеќе сервери. Агентите на ФБИ ја сослушувале Клинтон повеќе од три часа за време на викендот поради нејзината E-mail адреса.
Клинтон и претседателот Обама денес прв пат се појавиле заедно во предизборната кампања во Шарлот, во Северна Каролина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст