| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ немало траг две недели – Исчезната девојка пронајдена на Блаце

На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера околу 13 часот се пријавила Ц.Н.(1997) од село Љубанци-Скопје. При проверката, полициски службеници утврдиле дека девојката евидира како „исчезнато лице“ од 23 јуни.

Како што информира МВР, девојката вчера околу 15 часот со потврда е предадена на полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Деветнаесетгоишната Ц.Н. беше пријавена за исчезната од страна на нејзиниот татко, кој на 23 јуни во полициската станица во Чаир, изјавил дека таа претходниот ден од домот се одалечила во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top