| четврток, 6 декември 2018 |

Мистеријата на „уништениот рај“ Фиџи: Песок, море и делови од тела

Отсечена глава и два пара стопала пронајдени се на популарната плажа Натадола на Фиџи откако исчезнаа руски бизнисмен и неговата сопруга, пишува Гардијан

fidzi

Плажата Натадола на Фиџи е една од најубавите плажи во светот и така беше се додека морето не почна да исфрла делови од тела.

Минатиот месец на популарната турситичка дестинација беа пронајдени два пара стопала, а оваа недела пар од Нов Зеланд пронајде нешто уште по застрашувачко: човечка глава замотана во платно на кое биле закачени камења за да тежи.

„Гардијан“ пишува дека главата пливкала на површината на плитката вода недалеку од брегот.

Полицијата потврдува дека пронајдените делови од тело им припаѓаат на исчезнатите Русиј Јуриј Шипулин и неговата сопруга Наталија Герасимова, пенизонери кои во 2011 година се преселиле на Фиџи и живееле на фарма за зеленчук.

yuri_and_natalia_2

Притателите на рускиот бизнисмен наведуваар дека бил пилот на руските воздухополвни сили, имал низа неуспешни деловни обиди на островот, а истакнуваат дека разни деловни доработници му должеле и до 200.000 долари.

-Јуриј и душата ќе ви ја дадеше, ете толку им веруваше на луѓето. Се што откриваше во животот, го откриваше на потешкиот начин. Толку сакаше рај што не забележа дека пропаѓа, вели негов пријател.

Рускиот пар исчезна на 16 јуни, а исчезнувањето го пријавил Андреј Лузањенко, деловен партнер на Шипулин. Не постојат основи да е замешан во случајот.

Во потрагата во густата шума на островот учествувале  многу луѓе, но немало никаква трага.

По една недела бил пронајден автомобилот на Натадола, не бил заклучен, а потоа почнале да се појавуваат делови од телата.

-Не ни е јасно зошто плажата се уште е отворена кога водата постијано исфрла делови од човечки тела, полицијата нема одговор, истакнува новинарката Репека Насико од „Фиџи тајмс“.

„Гардијан“ пишува дека на Фиџи ретко се случуваат убиства. Фиџи живее од туризмот, дури 30% од БДП е од туризам, што ја поттикнало полицијата да издаде соопштение во кое ги моли граѓаните да не дискутираат за злосторството за да не ја нарушат репутацијата на Фиџи како рај за одмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top