Не ги учев децата да убиваат! Тоа не е вистина. Јас сега сум ненормален човек после се што ми се случи, револтирано вели Радослав Златиќ, татко на Синиша кој во српското село Житиште, во близина на Зрењанин уби петмина, а рани 20 луѓе во кафулето Макијато.
Таткото на убиецот за српски Ало рекол дека не знае поради што неговиот син извршил незапаметен масакр.
- ЕДноставно немам одговор зошто тоа го сторил. Јас сум му татко и тоа што го направи ќе го носам на душа додека сум жив, резигнирано вели Златиќ.
Тој тврди дека не знаел за разводот на неговиот син од сопругата Дијана Савановиќ која прва беше изрешетана во кафулето додека седела во друштво на своето ново момче, Синиша Јојиќ.
На прашањето дали е точно дека имал оружје на таванот кое го донел од боиштето во родното Осјек, рекол:
- Кои сте вие, вам да ви полагам сметки?
Радослав исто така го разлутиле чаршиските муабети дека семејствата на жртвите од масакрот се закануваат со крвна одмазда.
- Нека дојдат да ме убијат. И што со тоа? не се плашам од никого! Можев до сега милион пати да загинам, рекол луто таткото на Синиша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)