| четврток, 6 декември 2018 |

Масовни силувања на музички фестивали: Шведска под огромен притисок на јавноста

Минатиот викенд во Шведска беа одржани два музички фестивали кои, наместо по учесниците и добрата забава, ќе се паметат по најголемиот број масовни сексуални малтретирања. Полицијата од Карлстад објави дека примила 32 пријави за сексуално малтретирање во градот кој е на околу 300 километри од Стокхолм. Најмладата жртва на сексуално вознемирување имала 12 години. Полицијата, сепак, нагласува дека никој не пријавил силување, туку само непримерно однесување и допирање.

Шефот на полицијата од Нистром вели дека се идентификувани седум момчиња, а во Норкопинг не биле забележани толку случаи, но изгледа таму напаѓачите биле многу понасилни и поагресивни. Локалните медиуми пишуваат дека полицијата истражува пет случаи на силување и десетина на сексуален напад.

Британската група која настапувала во Норкопинг, „Мамфорд енд санс“, се заканила дека нема да го одржи вториот концерт доколку полицијата и организаторите не се погрижат да ги заштитат девојките.

Цела Шведска со право е шокирана, луѓето бараат итни одговори од полицијата, а се јави и шведскиот премиер Стефан Луфвен.

– Апсолутно неприфатлива ситуација. Сега е најважно полицијата и судот во мир да ја завршат работата и да ги фатат виновниците – рече шведскиот премиер.

Јавноста, како што се очекуваше, го вперува прстот во мигрантите и бегалците од Блискиот Исток и од Африка, но полицијата одбива да објави детали за осомничените.

– Сега ни е целта да ги фатиме виновниците и да разговараме со нив. Бројот на силувања и сексуални малтретирања годинава е зголемен, но не сум сигурен колку е тоа проблем на музичките фестивали.

Шведската полиција е под огромен притисок зашто во јануари беше откриен обид да се заташка уште еднен ваков случај – масовни силувања на музички фестивал пред една година. Случајот беше обелоденет неколку дена по дивеењето на прославата на Нова година во Келн.

Овој проблем го има и соседна Данска, и тоа на рок-фестивал на кој присуствувале дури 130.000 луѓе. Пријавени се пет случаи на силување, но полицијата смирува дека „тоа не е ништо драматично со оглед на бројот на луѓе што присуствувале на настанот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top