Возачи на автобус од Ирска заедно добиле џекпот на „Евромилионс“ во петокот и овој понеделник не се појавиле на работа, туку сè уште се обидувале да се соземат од шокот, пишува „Мирор“.
Гарет Квин, подрачен директор на локалниот јавен превозник „Даблин бас“, открива дека ниту еден од 22 вработени шофери што минатиот петок добиле награда од 23,8 милиони евра не се јавил на работа во понеделникот.
-Никој не дојде на работа, но тоа не ни е проблем. Нека им е со среќа – велат од „Даблин бас“.
Националната лотарија потврдила дека добитниците веќе се јавиле. На официјалниот профил на „Твитер“, стои: „Не победивме на Евро, но затоа победивме на Евромилионс. Во контакт сме со луѓето што го имаат победничкото ливче“.
Целиот Фибсбург слави со возачите и никој не негодува што јавниот превоз е во колапс.
-Големо чудо што ќе нема автобуси. Прекрасно е што толку голема награда им се падна на луѓе од работничката класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Тројца загинаа поради бурата Офелија во Ирска
-
Заради Марина останал без 100 илјади долари: Му го земала џекпотот бидејќи и дозволил да го притисне копчето
-
Во чест на Свети Патрик: 10 најубави ирски имиња кои може да му дадете на вашето бебе