| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот специјален претставник Jоханес Хајндл денес во Скопје

Германскиот специјален претставник Jоханес Хајндл денеска во Скопје ќе се сретне со четворицата лидери кои го потпишаа договорот од Пржино.

Најверојатно, тој  ќе се види и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Неговата посета се толкува како нов обид на меѓународната заедница да ги придвижи преговорите меѓу партиите за да се најде решение за политичката криза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top