| четврток, 6 декември 2018 |

Седуммина загинати во хеликоптерската несреќа во Турција

turski voen helikopter

Седум луѓе загинаа во несреќа на турски воен хеликоптер кој се урна во црноморскиот регион на североистокот на Турција, објавија воени извори.

Хеликоптерот во кој биле 15 патници, меѓу кои и високи офицери, се урнал во планинскиот дел на покраината Гиресун, веројатно поради лошите временски прилики, изјави турскиот премиер Билаи Јилдирим.

Преостанатите осум патници се повредени при падот на хеликоптерот, навел за агенцијата Dogan воен извор, додавајќи дека во хеликоптерот бил воен персонал и нивни роднини, меѓу кои и три деца.

Агенцијата објави дека во леталото биле бригаден генерал, полковник и двајца мајори, кои се враќале од посетата војниците и нивните семејства по повод крајот на светиот муслимански месец рамазан.

Падот и жртвите ги потврди и Генералштабот на турските вооружени сили, наведувајќи дека уште не можат да се утврдат точните причини за уривањето на хеликоптерот од типот „Сикорски S-70“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top