| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадист со мајкин благослов: Да имав уште десет синови…

Мајката на Јасмин Кесеровиќ, најбараниот џихадист од Босна и Херцеговина, вели дека е горда на својот син и дека тој за неа е јунак.

jasmin

Јасмин минатата недела преку видео порака на сите муслимани им порача да убиваат христијани. Но неговата мајка вели дека го поддржува во тоа што го прави.

– Да имам уште десет синови и тие би отишле во џихад да се борат за Алах – вели неговата мајка.

Тој отишол во Сирија во 2013 година заедно со уште еден негов другар и со родителите се видел само неколкупати на Скајп.

Тој од мал покажувал интерес за радикалниот Ислам а го напуштил средното училиште во Завидовиќи бидејќи професорите не му давале да се моли и се запишал во вахабистичко училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top