| четврток, 6 декември 2018 |

Парацетамолот во бременост го зголемува ризикот од појава на аутизам каде бебето

Познато е дека жените за време на бременоста мора да внимаваат на лековите кои ги користат. Едно ново истражување покажува во колкава мерка лековите кои ги пиеме на своја рака може да влијаат на здравјето и да предизвикаат сериозни последици.

Најново истражување покажува дека acetaminofen (или кај нас познат како парацетамол) кој се користи за намалување на телесната температура, ублажување на главоболките и други болки може да има многу негативно влијание на детето и на развојот на неговиот мозок.

– Новата студија покажала како парацетамолот ако се користи во големи колични за време на бременоста се поврзува со појава на аутизам и сипмтпмите на хиперактивност – пишува „Сајанс дејли“.

Ова е прва студија од овој вид која покажува поврзаност на парацетамолот и влијанието на неродените деца.

Во студијата учестувале 2.644 деца ширум Шпанија во период од пет години и биле набљудувани во период од една до пет години. Околу 40 отсто од децата биле изложени на овој лек, бидејќи нивните  мајки го користеле за време на бременоста до 32. недела. Се покажало дека кај овие деца, по пет години се забележуваат симптоми поврзани со хиперактивност и импулсивност.

– Иако овие симптоми не се дијагноза, во прашање се симптоми кои може да влијаат на животот на детето – вели Клаудија Авела-Гарција која го водела истражувањето.

Истражувачите велат дека ова посебно се однесува на момчиња.

– Машкиот мозок во ран период е почувствителен на штетните влијанија – појасни Авела-Грација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top