| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколадите „Киндер“ се канцерогени?

Тестирањето на германското здружение за заштита на потрошувачите „Фудвоч“ покажало дека чоколадите „Киндер“ содржат опасна материја која „можеби предизвикува рак“, пренесуваат медиумите во Србија.

Покрај „Киндер“ биле позитивни уште две марки дечји чоколади. Здружението ги повикало надлежните органи за ги повлечат сите производи на „киндер ригл“, „фиорето нугат минс“ и „санрајс класик чоко хепен“ затоа што содржат „можни канцерогени супстанци“.

Овие чоколади наводно имаат таканаречена „ароматично минерално масло МАОХ“ соопшти „Фудвоч“.

– Производителите се виновни. Наместо да ги тргнат овие чоколади и да ги алармираат потрошувачите, а тие тврдат дека работат по законот – изјави Џон Хег, претставник на здружението.

Биле тестирани повеќе од 20 вида чипс и чоколади и било пронајдени МАОХ кое кога се разложува во човечкиот организам може да предизвика оштетување на органите, а децата посебно се изложени на ризик.

Се покажало дека „киндер“ чоколадите кои се едни од најпродаваните во Германија има највисоко ниво на тие минерални масла.

Здружението навело во своето соооштение дека тоа соединениа се пренесува во храната преку рециклираното пакување кое претходно е испечатено со мастило кое во себе го има тоа масло.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top