| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Добив шанса, сакам да бидам како Фергусон

Жозе Мурињо и официјално беше претставен како нов тим менаџер на Манчестер јунајтед.

-Тешко е да ги пронајдам вистинските зборови за овој клуб. Нема да користам стари фрази во стилот „ја добив работата од соништата“, бидејќи ова е реалност – јас навистина сум менаџер на Манчестер јунатед.
Факт е дека секој тренер сонува да седне на клупата на Манчестер јунајтед, а само на многу малку од нив им се остварува ток сон. Јас ја добив таа шанса и сакам да бидам како Сер Алекс Фергусон, изјави на претставувањето Жозе Мурињо.

4E908C6BDCF7D44E9AC1B128A3F488C1

Португалецот едиснтвено жали што ќе мора да го почека до новите настапи во Лигата на шампиони.

-Несреќен сим поради тоа што не можеме веднаш да играме во Лигата на шампиони, бидејќи на Манчестер јунајтед само таму му е местото/ Во јули 2017 година ќе ги чекаме противниците за ова натпреварување“.

Во продолжение Мурињо потенцира дека сака да победува, да освои се со Манчестер јунајтед.

-Сакам се. Сакам да победуваме, сакам да играме добро, сакам навивачите да ни бидат поддршка. Не сакам да примаме голови. Секако нема да го добиеме сето тоа, но тоа е тоа што јас го сакам. Во мојата природа е да одам на успеси и да се радувам. Никогаш не би можел да работам, ако немам успех, рече Мурињо во свој стил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top