На автопатот во близина на клучката кај Прешево утринава во тешка сообраќајна нестеќа настрада едно лице.
До несреќата дошло кога автомобилот кој се движел во правец од Македонија кон Врање влегол во спротивната лента и налетал на возило кое се движело во правец од Врање кон Македонија.
Сеуште не се познати фактите како дошло до судирот, но според првичните информации возачот на автомобилот кој се движел во правец од Македонија кон Врање го загубил животот.
Семејството кое се наоѓало во другиот автомобил е згрижено на одделението за Ургентна медицина во Врање и никој од нив не се здобил со тешки повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.