| четврток, 6 декември 2018 |

Британското „што сега“ со нова идеја- Двојно државјанство

znaminja gb euПознато е дека младите британци не сакаат да ја напуштат ЕУ, а некои држави членки сакаат да им помогнат во тоа. Во меѓувреме, ториевците избираат наследник на Дејвид Камерон.

Британските териевци денеска почнуваат со избор на свој нов челник откако Дејвид Камерон поднесе оставка истовремено со оставката на премиерската функција. Од петте актуелни кандидати, денеска еден ќе биде елиминиран. Кој ќе биде тоа меѓу Тереза Меј, министер за внатрешни работи, Мајкл Гоув, министер за правда, Стивен Краб, министер за труд и пензии, заменик министерот за енергија Андреа Лидсом, како и поранешниот министер Лијам Фокс, зависи од ториевците кои седат во Парламентот.

Членовите во Парламентот имаат право да гласаат се до 18 часот по британско време, а час потоа ќе биде познат резултатот, односно оној кандидат со најмалку гласови ќе биде елиминиран од внатрепартиската трка.

Најмногу се спомнуваат имињата на Тереза Меј која веќе најави дека во преговорите со ЕУ не мисли да ја тргне опцијата за депортација на државјаните на ЕУ од Обединетото Кралство, како и на Андреа Лидсом која доби поддршка од Борис Џонсон.

Во меѓувреме во јавноста почна дебата треба ли Британците кои живеат и работат во земјите од ЕУ да им се остави можност за двојно државјанство? По референдумот многу Британци се помирија со крајот на слободното движење, но оние кои најмногу патуваат, младите, се против излегувањето од ЕУ, а некои држави членки сакаат да им помогнат во тоа.

Имено, минатата недела италијанскиот премиер Матео Ренци се обрати на британските студенти на универзитетите низ ЕУ, посочувајќи дека му е жал заради резултатите на референдумот, најмногу заради младите, и дека некои држави членки би требало да размислат да им понудат државјанство на тие млади луѓе.

Заменикот на германската канцеларка, Зигмунд Габриел, исто така поралча дека не треба да се срушат сите мостови кон младите Британци кои живеат во Германија, Италија или во Франција, односно дека треба да се размисли за двојно државјанство за младите Британци.

Но, ова е лабава иницијатива бидејќи се уште не постојат никакви предлози во конкретна рамка во која би можело такво нешто да се направи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top