Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години од денеска до сабота ќе учествува на силен меѓународен турнир во Турција.
На турнирот во Истанбул противници на македонскиот национален тим ќе бидат репрезентации на домаќинот Турција, Србија, Литванија и Франција.
За репрезентацијата предводена од селекторот Љупчо Малинков, тренерот Перо Блажевски и советникот Марјан Лазовски, ова ќе бидат последните контроли пред настапот на Европското првенство дивизија Б во Грција.
Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе им биде Турција, против која ќе играат попладнево од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.