23 новинари и 60 аматери известувачисе убиени во Сирија на почетокот на бунтот против режимот на Башар ел Асад од 2011 година. Со овие податоци излезе организацијата Репортери без граница, по повод Светскиот ден на слободните медиуми.
Покрај 16-те сиријски новинари, фоторепортери и сниматели, во Сирија се убиени и новинари од Франција, Јапонија, САД и Ирак.
Исто така убиени се околу 60 известувачи аматери, кои со камери од лице место на судирите известувале како сведоци на случувањето. За повеќе од две години во воените судири во Сирија дури седум новинари се водат како исчезнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


