Пријателите на Стеван Јојиќ- Јојо, кој загина во масакрот кој во петокот се случи во Житиште, само затоа што се забавувал со поранешната сопруга на убиецот, велат дека тој иако повреден од два куршува, до последниот момент од животот прашувал дали Дијана е добро.
– Ако е мртва и за мене нема живот, рече и брзо после тоа почина – раскажуваат пријателите на српските медиуми.
Тој во последните моменти прашувал што се случува со неговите пријатели и дали се добро, а не за својата здравствена состојба.
Стеван живеел и работел во Шведска, а во родниот крај бил дојден на годишен одмор. Тој и Дијана Златиќ, поранешната сопруга на убиецот Синиша Златиќ, биле во врска, на почетокот тајна, а подоцна и јавна.
Во кафулето „Макијато“ таа кобна ноќ биле излезени заедно. Постирале заедничка фотографија.
Разбеснетиот Синиша набргу после тоа влетал со пиштол во кафулето. Прво ја убил Дијана, па Стеван и неговиот пријател Владимир. Од куршумите кои ги убиле Дијана и Стеван, загинале уште две невини лица, кои во кафулето биле излезени да се забавуваат.
Стеван е приведен, но не чувствува каење за делото што го направил. Тој и Дијана имаа десетгодишен син.
Мештаните велат дека често ја малтретирал, а таа неколкупати го пријавувала во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)