| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Слободата не доаѓа сама од себе, мора да се брани

Американскиот претседател Барак Обама изјави по повод Денот на незавиноста 4 јули дека слободата „не е нешто што ќе се случи само така, туку мора да се брани секој ден“.

Обама истакна дека е важно луѓето да памтат какво чудо се САД и „колку сме неверојатно среќни што луѓето пред повеќе генерации биле подготвени да земат оружје в рака и да се борат за наша слобода“.

– Независноста не е нешто што ќе се случи само од себе, рече американскиот претседател во обраќање во Белата куќа.

– Слободата е нешто за што мора да се бориме секој ден. Тоа е нешто што треба да го чуваме и да зборуваме за неа и да работиме на неа, нагласи тој.

Според него, слободата значи почитување меѓу луѓето и препознавање неволји во кои се други граѓани како што се глад и невработеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top