Кој му испрати сачми на поранешниот италијански премиер? На рентгенска контрола од страна на поштенската служба во Милано, во пратка адресирана до берлускони биле најдени предмети кои потсетувале на сачми. Писмото било проверено поради сомнежот кој постоел за конкретната пратка. Во поштенската служба веднаш пристигнале екипи на противпожарникарната служба.
На ковертот немало адреса на испраќачот. Истрагата во врска со сомнителната пратка е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


