Вечерва е Млада Месечина, што значи дека е период за остварување на сите соништа поврзани со љубовта, работата, или можеби некое патување. Све што ви треба, е искрено да посакате тоа што највеќе го сакате, и да го направите ритуалот до 21 часот.
1 чекор: Седнете некаде тивко, за да можете да се сконцентрирате. Одлучете кои ви се 10 најважни желби, и потоа гласно кажете ги една по една. Потоа, замислете дека сите тие ви се исполниле, и како би се осеќале тогаш. Замислете ја радоста која би ве обзела. Дајте си на себе време да уживате во секој момент, и претварајте се дека се тоа е стварност.
2 чекор: Нацртајте се што сакате. Што повеќе енергија вложите во цртежот, тоа резултатите ќе бидат подобри. Овој дел ќе ви помогне да го визуелизирате исполнувањето на важите желби.
3 чекор: Со секоја слика од желбите, замислете позитивна афирмација со која ќе ја подржите, и запишете ја. На пример, напишете “Јас сум заљубен/а“ ако сакате љубов. Овој дел не смеете да го прескокнете.
4 чекор: Размислете за секоја желба и начинот на кој ќе ја остварите.
5 чекор: Поминете малку време медитерајќи, или само во тивко размислување за вашите цели.
Можеби ова ќе ви изгледа чудно, но научно е докажано дека медитацијата ја намалува нервозата, а седењето во тишина на мозокот му дава неколку минути да се ослободи од непотребните мисли, и да направи простор за вашите најискрени желби.
Како се доближува следната Млада Месечина, погледајте ја листата од минатиот месец, и проверете која од желбите се исполнила. Погледнете го списокот, и на секоја желба дајте и оцена од 1 до 100, базирано на тоа колкави се шансите да се исполни. Бидете искрени према себе. Посветете поголемо внимание на желбите кои имаат поголема оцена од 50.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати