| четврток, 6 декември 2018 |

Интернетот гори, трудница мета на напади: Дали си нормална? Зошто си го правиш ова?

Нова мета е во центарот на јавниот „гнев“. Убавата Хана Политес од Австралија која, како и многу други трудници, објавува фотографии на Инстаграм. Како што може да се заклучи од нејзините објави, станува збор за вљубеничка во фитнесот и здравиот живот, а со здравите навики продолжила и во текот на бременоста.

trudna

Секако, нејзината витка линија ги вознемири нејзините следбеници од кои најгласни се токму оние кои се сè, само не стручни да даваат било какви совети.

Тие „сметаат“ дека тоа не е здрав пристап кон бременоста, па во коментарите ја навредуваат.

hannaa

-Шокантно е да се читаат сите тие коментари во врска со моето здравје и нероденото бебе, особено затоа што девојките во бременоста се поранливи и почувствителни на злоставување. Негативните коментари не ги сфаќам лично, особено кога знам да носам едуцирани одлуки кога станува збор за исхраната и вежбањето во текот на бременоста. Сите женски тела треба да се слават и ќе продолжам да објавувам мои фотографии бидејќи сметам дека е важно да им бидам позитивен пример на другите трудници, вели Хана.

Со неа се сложуваат и многу стручњаци кои тврдат дека се охрабрува тренингот кај трудниците, но и дека е исклучително важно пред почетокот на тренирање да се консултирате и со доктор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top