| четврток, 6 декември 2018 |

Нова пешачка патека покрај Охридско Езеро

pesacka-pateka3-640x260

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес изврши увид во изградената пешачка патека на Охридско Eзеро во општина Дебарца.

Патеката е во должина од 120 метри и se инвестирани се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра.

misajlovski-izjava-640x360

Мисајловски истакна дека со изградбата на оваа патека овозможено е уште едно место каде пто жителите на Дебарца и туристите ќе можат да се релаксираат во овој период од годината.

pesacka-pateka-640x360

-Разговаравме со градоначалникот патеката да ја прошириме и да додадеме дополнителни содржини. Во Охрид работиме многу проекти, во завршна фаза е проектирање на пешачка патека од центарот на Охрид до црквата Св. Јован Канео, како и уредување на плажата во Лагадин – истакна министерот.

pesacka-pateka1-640x360

Тој додаде дека отпочнале и со изградба на пешачка патека околу Преспанско Езеро во должина од 5,2 километри и инвестиција од 50 милиони денари.

pesacka-pateka2-640x360

Пешачки патеки завршени се околу Мавровско и Беровско Езеро, во Крушево итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top