| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец пронајден мртов во шахта во сопствениот двор

Вчера во 14.15 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, во шахта за водомер во сопствениот двор бил пронајден починат Б.Ц.(81).

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. При извршен преглед над телото на починатиот не биле пронајдени траги на насилство.

Телото на починатиот ќе биде предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top