Под покровителство на претседателот на Франција Франсоа Оланд во Париз денеска се одржува третиот самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес на кој Македонија ќе ја претставува владина делегација предводена од премиерот Емил Димитриев.
Во составот на делегацијата ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, и директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасевски.
Целта на Берлинскиот процес е да се поддржат напорите на земјите од Западен Балкан во нивното приближување кон ЕУ со зацврстување на регионалната соработка преку конкретни иницијативи.
На самитот ќе присуствуваат и премиерите на Албанија Еди Рама, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, на Косово Иса Мустафа, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.
Покрај премиерите на земјите од Западен Балкан на самитот ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Ренци, австрискиот канцелар Кристијан Керн, потпретседателот на ЕК и висок претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ.
Самитот на шефови на држави и влади на кој ќе учествува премиерот Димитриев ќе се фокусира на три теми: емиграција и бегалци, соработка во полето на безбедноста, борбата против тероризмот и радикализацијата и европските перспективи.
На крајот од сесијата предвидено е премиерите на земјите од Западен Балкан во присуство на другите шефови на држави и влади, и министри и директори за млади да го потпишат договорот за воспоставување регионална канцеларија за младинска соработка – РИКО.
Како сегмент од самитот, ќе се оддржи и сесијата на министрите за надворешни работи која ќе ја води шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро и која ќе биде посветена на тековните прашања на земјите од регионот на Западен Балкан.
Сегмент од Самитот ќе биде и бизнис-форумот на кој во име на Република Македонија ќе присуствува вицепремиерот Пешевски, каде што вицепремиери, министри и претставници од економските ресори од земјите од Западен Балкан ќе имаат можност да ги презентираат реформите во своите земја во насока на подобрување на бизнис климата и привлекување странски инвестиции. На бизнис форумот ќе учествуваат и претставници на стопански комори и на компании од регионот и француски компании заинтересирани за соработка и инвестирање во Западен Балкан.
Претпладнето пред потпишувањето на Договорот за воспоставување регионална канцеларија за младинска соработка – РИКО, ќе се одржи и младински форум на кој ќе учествува директорот на агенцијата за спорт и млади Марјан Спасевски. На форумот ќе учествуваат 150 млади од целиот регион и од ЕУ земји меѓу нив и 15 млади од Македонија.
Парискиот самит е продолжение на Берлинскиот процес кој започна во 2014 година со Берлинската конференција по иницијатива на канцеларката Меркел со цел да даде поддршка за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Од Парискиот самит се очекува да овозможи конкретен напредок во однос на мерките за младите, како и разгледување на опциите за реализација на инфраструктурни проекти од регионален карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст