Во тек е наградниот натпревар под мотото „Македонија се сака на точак“ организиран од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Наградниот натпревар се одвива преку Фејсбук, каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, која не е направена при управување на велосипедот, но е направена на територијата на Република Македонија.
Повеќе од 100 учесници се пријавени на натпреварот а вкупната бројка на фотографии изнесува повеќе од 240.
Натпреварот ќе трае до 15 септември 2016 година додека победниците ќе бидат објавени по завршување на наградниот натпревар.
Наградната игра може да се најде на следниот линк.
Изборот за највисоката парична награда (во вредност од 30.000,00 денари) ќе биде наменета за најубавата фотографија избрана од жири комисија составена од 5 члена, додека парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст