| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Божиновска по повод Рамазан-бајрам

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи Сулејман-ефенди Реџепи, по повод празникот Рамазан-бајрам.

– Празникот Рамазан-бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за воспоставување што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја. Големата духовна сила и цврстата волја, кои следуваат по триесетдневниот рамазански пост, самоуверено и храбро да ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и на меѓусебното пријателство и со припадниците на другите вери и традиции – се вели во честитката.

Нека овој Рамазан-бајрам, се наведува во честитката, уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека само со нивно негување, и исполнетост со меѓусебно почитување, толеранција и соработка, можеме да придонесеме за темелен напредок во нашиот живот и во нашето општество.

– Ви го честитам Рамазан-бајрам и ви посакувам деновите на овој голем празник да ги поминете во кругот на вашите семејства и домови во добро здравје, расположение и среќа. Честит Рамазан-бајрам – Бајрам мубарек, стои во честитката од Божиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top