| четврток, 6 декември 2018 |

МВР на Косово: Косово не е во опасност од терористички напади

terorizam

Косовскиот заменик-министер за внатрешни работи Нехат Мустафа изјави дека Косово не може да биде цел на терористички напади, како оние што се случија во Истанбул, Париз и Бангладеш.

Неговата изјава следува по онаа на косовскиот бискуп Дод Ѓерѓи, кој на мисата посветена на жртвите од нападите во Истанбул и Бангладеш, предупреди дека многу набрзо Приштина, Тирана и Скопје може да бидат погодени од идентични терористички напади.

Мустафа додаде дека сите статистики говорат оти Косово не е во опасност од вакви напади.

– Статистиките со кои располага косовската полиција, косовската тајна служба и меѓународните партнери покажуваат дека Косово не е и не може да биде база на вакви терористички напади, изјави Мустафа.

Според него, во последните осум месеци нема информација дека некој Косовец заминал да војува во Сирија или Ирак.

– Благодарение на огромната работа на институциите, граѓаните ја сфатија опасноста која ја носи тероризмот и оти Република Косово е на страната на сојузниците на меѓународниот камп против тероризмот. Факотот што повеќе од осум месеци нема информација за нови заминувања на косовски граѓани во Сирија и Ирак е добра потврда за прозападната и проамериканската ориентација на граѓаните на Република Косово, изјави косовскиот заменик министер за внатрешни работи Нехат Мустафа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top