| четврток, 6 декември 2018 |

За три сезони вардарки влегоа меѓу 15-те најдобри екипи на сите времиња во ЛШ

zrk vardar

Иако имаат релативно мал стаж со играње во Лигата на шампионите, трипати стигнуваат до бронзениот медал на Ф4 турнирите, а Вардар е веќе меѓу 15-те најдобри екипи на сите времиња во ЛШ.

Со настапот на Ф4 турнирот во Будимпешта „црвено-црните“ девојки одиграа 46 натпревари во групната фаза од ЛШ, и постигнаа 29 победи и 12 порази. Процент на победи е 68 отсто, што е многу повеќе дури и од некои тимови што се во самиот врв на таа табела. На овие натпревари досега ЖРК Вардар досега постигнато вкупно 1284 гола, а примиле 1135, односно имаат „позитива“ од плус 149 гола.

Лидер по бројот на учества во ЛШ е екипата на Хипо, која досега настапувала дури 23 пати, па следуваат Будуќност со 20, Подравка со 18.

Најмногу натпревари имаат одиграно Будуќност и Крим, по 202, А најдобар процент на успешност има Ѓер, чии ракометарки победиле на 109 натпревари од вкупно 155 настапи.

Инаку следната 2016/2017 сезона за Вардар ќе биде 14 учество во европските купови, а четврто во ЛШ. Досега во сите европски купови македонскиот шампион има одиграно 80 натпревари (вклучувајќи ги и двата квалификациски меча за влез во ЛШ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top