| четврток, 6 декември 2018 |

Грција по инвестиции во Кина

Ципрас денеска ќе се сретне со кинескиот колега Ли Кечијанг

cipras vo kina

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во трка по нови кинески инвестиции, денеска почнува со официјалните средби со кинескиот државен врв и со голем број кинески бизнисмени.

Тој денеска ќе се сретне со премиерот Ли Кечијанг, ќе има средби на двете владини делегации и потпишување на билатерални договори, ќе учествува на кинеско-грчки бизнис-форум, а утре ќе има средба со претседателот Си Џипинг.

В среда Ципрас ќе се сретне со првиот човек на КОСКО, компанијата која го презеде пристаништето во Пиреја, претседателот на веб-страницата за интернет-купување „Алибаба“, првите луѓе на технолошката ЗТЕ и на инвестициската компанија „Фосун“.

Грција се надева преку оваа посета да се отвори можност за продлабочување за економската, туристичката соработка, но и соработката во секторот на новите технологии со Кина. Ципрас по средбата со технолошкиот гигант „Хуавеи“, најави и формирање на нов технолошки парк во Атина, каде ќе се работи на развивање на новите технологии.

Во интервју за кинеската телевизија ЦЦТВ, Ципрас истакна дека договорот меѓу Грција и КОСКО за приватизација на пристаништето во Пиреја го отвора патот за зајакнување на стратешката соработка меѓу Грција и Кина, посочувајќи дека меѓу двете земји постои голема можност за туристичка и за културна соработка и размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top