| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје, Тирана и Приштина се следна цел на терористите на ИД

Косовскиот бискуп имзот Дод Ѓерѓи даде вознемирвачка изјава велејќи дека набрзо можни се терористички напади во Приштина, Скопје и Тирана, како последица на тоа дека некои луѓе се задоени во духот на нетрпеливоста и омразата.

Поради тоа тој упати апел до државните, политичките, верските и културните инситуции да не гледаат сеир, туку да се ангажираат на попречување на терористички акти, како оние што се случија во Париз, Бангладеш и Истанбул.

– Овој дух на нертпеливот и омраза на чуден начин навлезе и кај некои наши луѓе. Така што настаните во Истанбул, Бангладеш, Париз набрзо може да стигнат во Приштина, Скопје или во Тирана, рече Дод Ѓерѓи на мисата посветена на жртвите во Истанбул и Бангладеш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top