| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска гордост: Нашата Мартија второпласирана во „Пинковите ѕвездички“

martija

Мартија Станојковиќ, 11-годишната Македонка која сите ги оставаше од емисија во емисија на „Пинковите ѕвездички“ без збор, заврши второпласирана. Убавата Македонка која изгледаше како светска дива, отпеа феноменално и без грешка до крај, но сепак титулата ја понесе малиот Марко Бошњак.

Таа за крај ја изведе нумерата „Врајтингс он д вол“, а жирито падна во транс.

-Ти си готова ѕвезда, готов производ, кога ти излегуваш да пееш никој не трепка – рекоа од жирито.

И нашата Антонија стигна до големото финале, меѓу десетте величенствени, но не влезе во последната шесторка.

Сепак, Македонија има со што да се гордее. Браво девојки!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top