Студент кој преку фејсбук се заканувал дека ќе изврши голем терористички напад е уапсен од страна на американската полиција. Се работи за 18-годишниот Камерон Дамброзио, студент на универзитет во државата Масачусетс, кој на својот профил на социјалната мрежа напишал дека „може да убие повеќе луѓе отколку што имало жртви при нападот во Бостон“.
– Ние сериозно им пристапуваме на ваквите пораки на социјалните мрежи. Уапсениот е веќе обвинет за терористичка закана -изјавил портпаролот на полицијата во Масачусетс, Џоузеф Соломон, кој посочи дека компјутерот на студентот е конфискуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.