Британскиот министер Џорџ Озборн ќе вложи напори во односите на Лондон со Кина
Тој планира до крајот на годината да организира уште една економска посета на таа земја, откако британските гласачи на референдумот поддржаа излегување од ЕУ, пишува Фајненшал Тајмс.
Во интервју за весникот Озборн вели „Мора да седнем во авион и да ја продадеме Британија во светот“.
Исходот референдумот би можел да ги редефинира сите односи од аспект на финансиските услуги со Кина, која се согласи на повеќе заеднички проекти во рамки на кинеско-британскиот економски и финансиски дијалог, програма наменета за продлабочување на економските врски, а се базираше најмногу на фактот дека Велика Британија е членка на ЕУ.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во октомври лани ја посети Велика Британија оценувајќи дека тоа е „златно време“ за односите меѓу двете земји.
Британците, меѓутоа, изненадија со резултатите на референдумот, по што премиерот Камерон си најави оставка, по што конзервативната партија до есен мора да избере нов лидер и премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.