| четврток, 6 декември 2018 |

Почина професорот Јане Миљовски

5830

Јане Миљовски (1946-2016)

Универзитетскиот професор Јане Миљовски на 70-годишна возраст почина во Скопје.

Др. Миљовски беше министер во експертската Влада на самостојна Македонија. Од тогашниот Премиер Никола Кљусев ја доби задачата да го подготви концептот за трансформација на општествената сопственост и нејзина приватизација. Во првата политичка Влада беше вицепремиер и министер за финансии. Еден кус период и потпредседател на тогашниот владеечки СДСМ.

Јане Миљовски е роден во Скопје на 1 мај во 1946 година. Тој беше професор на Правниот факултет на УКИМ и ректор на приватниот Њујорк колеџ во Скопје.

Потекнуваше од семејството на универзитетскиот професор Деса, а татко му беше Кирил Миљовски беше и член на МАНУ.

Пoгребот на проф. Миљовски ќе се изврши во вторник во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top