| четврток, 6 декември 2018 |

Со згодни девојки и модни фотографии презентирани дојранските убавини

Низ тринаесет модни фотографии и под името „Дојран ресорт“ поставени на големи паноа долж градската плажа во Стар Дојран, од вчера туристите ќе се информираат за историските обележја на Општина Дојран.

Dojran exibition 3

Градската Саат-кула, Старата Шеова чешма и црквата „Св. Илија“ се некои од локациите на кои позираа манекенките од модната агенција „Подиум“: Ивана Гелева, Александра Наумова и Симона Ангеловска , облечени во креации на македонски дизајнери.

Dojran exibition 1

– Ова е навистина е нешто ново што се нема случено во Дојран и главниот впечаток е дека станува збор за мошне интересен начин за промовирање и презентирање на убавините на Дојран од една страна меѓутоа и културно и уметничкичките атракции на еден сосема различен начин, непосреден, преку кој може да се види,прочита и да се научи нешто повеќе за Дојран – вели градоначалникот на Опшина Дојран, Борче Стамов.

Dojran exibition 2

Моделите на фотографиите ги носат креациите и асесоарите на „MCouture by Mila Kadriu“, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, „ФА- БУ“, Викторија Арсовска, „Emili Exclusive Design“, „EM Fashion Design“, „Farina’s handmade“ и „SOFIJAFILIGRANSKA“.

Dojran exibition 5

За шминка и фризура се погрижи Јована Коциќ од „Dream In Kohlor“. Фотографиите ги потпишуваат „Ани и Дими“ а графичкиот дизајн на проектот „Дојран ресорт“ го потпишува Дејан Зафировски.

Изложбата е во организација на Општина Дојран и продукција на Моден викенд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top