| четврток, 6 декември 2018 |

За бели Цигани нема место во бизнис класа!

Џеј Рамадановски за време на еден лет, ѝ го зел од раце микрофонот на стјуардесата и прашал зошто неговиот колега Драган Којиќ-Кеба мора да седи во економската класа. Фолк-пејачот со ромско потекло за време на летот го прозвал свекорот на Северина дека е „бел Циган“ и дека затоа за него нема место во бизнис класата.

Сведоци за српски „Курир“ велат дека патниците се газеле од смеење по оваа шега на Џеј.

Кеба не се налутил бидејќи е познато дека Џеј е шегаџија. Познато е дека Кеба во неколку наврати остро ги има демантирано муабетите дека има ромско потекло.

– Ќе ја донесам цела фамилија, и потесна и поширока, да докажам дека не сум Ром. Никој не ми кажал дека имам ромска крв – своевремено изјави Кеба во една емисија и дури ги слекувал чорапите за да ги покаже табаните.

За разлика од него Џеј не го крие потеклото и често вели дека не ги разбира оние кои се срамат од потеклото.

– Па, сите ние сме луѓе, што има да се срамат од тоа. Не ги разбирам кога ќе речат – Не сме Цигани, туку Роми. Ние сме Цигани и што има тука да се лаже. Јадни се оние кои се срамат од потеклото – рекол Џеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top