| четврток, 6 декември 2018 |

Азар: Со Ибрахимовиќ во Манчестер лигата добива на квалитет

ibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ официјално објави дека својата кариера ја продолжува во Манчестер јунајтед, што воодушеви многумина на Островот. Но, исклучително среќен е и белгискиот репрезентативец Еден Азар, кој вели дека за него е огромно задоволство што ќе може да игра против Ибрахимовиќ.

– Со Ибрахимовиќ Премиер – лигата добива нешто плус. Добива една голема ѕвезда која знае да привлекува. Со нетрпение ја очекувам новата сезона – вели Азар.

Белгиецот и Челси во следната сезона ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток од минатата, токму како и Јунајтед на Ибрахимовиќ. Двата клуба новата сезона ја чекаат и со нови тренери. Челси со Антонио Конте, а Манчестер јунајтед со Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top