| четврток, 6 декември 2018 |

Поради него Синиша го почна крвавиот пир: Дијана го криеше новото момче

Љубомората го натера Синиша Златиќ од Житиште во петокот вечер да ја убие својата поранешна сопруга Дијана во отворен оган, во кој животот го загубија уште четири лица – невини жртви, луѓе кои излегле да се забавуваат во локалниот бар.

Tan2016-7-2_122110647_4

Златиќ десетина години бил во брак со Дијана, со која една година не живееја заедно и биле во фаза на развод.

За српски „Информер“ мештаните раскажуваат дека Дијана решила да го напушти бидејќи постојано ја малтретирал и често имал напади на љубомора.

Дијана прво била во пријателска, а подоцна и во тајна љубовна врска со исто така увиениот Стеван Јојиќ – Јојо, кој живеел во Шведска, кафе работел во фирмата за уредување на ентериери кај брат му.

Stevan-Jojic-Joja-42-620x350

– Врската ја започнаа кога Дијана го напушти Синиша и се врати да живее со родителите, а го зеде 10-годишниот син со неа. На почетокот се гледаа тајно, но во последно време почнаа заедно да излегуваат на кафе, како и оваа кобна вечер. Стеван дојде во родниот крај на одмор, а планираше да се врати во Шведска за неколлку дена. Излегоа заедно и седеја на шанкот во барот „Макијато“. Јас ги служев, беа расположени и насмеани – раскажува келнерот, инаку роднина на убиената Дијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top