| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарот Стјуарт Хол го призна сексот со млади девојки и момчиња

hol zlostavuvacВетеранот на спортската редакција на ББС, осумдесет и три годишниот Стјуарт Хол, призна деказлоставувал на млади девојки и девојчиња.

Хол беше уапсен во јануари во рамки на истрагата за сериско злоставување на девојки и девојчиња од 1969 до 1986 година. Најмладата жртва тогаш имала девет години. Хол прво ја негираше вината, но сега ја призна вината во 14 случаеви.Пресудата ќе биде објавена во јуни, со што ќе биде ставена точка на новиот секс скандал во Велика Британија, само неколку месеци откако беше откриено дека покојниот аниматор Џими Севил бил сексуален престапник.

-Тој беше сексуален предатор кој ја користеше секоја ситуација. Сведочењата на жртвите и доказите недвосмислено укажуваат на модел на однесување кој бил незаконски и за кој не постои ниту едно невино објаснување – наведе обвинителот Назир Афзал.

Тој додаде дека жртвите не се познавале, дека меѓу првото и последното злосторство изминале две децении, како и дека најмладата жртва имала девет години.

-Сите жртви дадоа неверојатно слични искази-додаде Афзал.

Обвинителот објасни дека Хол прво воспоставил пријателски однос со жртвите, по што ги злоставувал, а откри и дека една од жртвите која била силувана одбила да сведочи откако Хол ја призна вината.

ББС соопшти дека Хол нема повеќе да има договор со нив.

Хол е оженет и има две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top