| четврток, 6 декември 2018 |

Неделава нашите пејачи растурија – Антониа и Мартија влегоа во супер финалето на „Пинковите ѕвездички“

Синоќа  се одража последната финална вечер на ТВ талент шоуто „Пинкови ѕвездички“. Во него  и овојпат брилјираа  двете македонски претставнички, Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска

За победникот одлучуваа единствено гласовите на публиката кои тие ги даваат преку смс пораки.

мартија

мартија2

Жирите како и секогаш немаше зборови за интерпретациите, кои велат се вон конкуренција и пред финалето тие ги прогласија веќе за победнички нашите Антониа и Мартија.  Се потврди дека Македонија има несекојдневни и најдобри пеачи, отворено го кажаа од жирито,  а и овациите и гласовите  на публиката го потврдија истото.

Антониа се престави со песна на Џенифер Хадсон.

За двете пеачки жирито нагласи дека се вонсериски, нивното пеење било како  на оскаровска вечер,  и  со своите настапи го подигнале нивото на настанот.

Суперфиналето кое требаше да се одржи на 3 јули, е  презакажано за 4 јули, кога официјално ќе се дознае вториот победник на спектакуларното регионално натпреварување во пеење за деца. Линиите за гласање ќе бидат постојано отворени до суперфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top