| четврток, 6 декември 2018 |

Дехари: Превработеност од Македонци во Кичево, Другово и Вранештица

fatmir dehari–   Во досегашните општини може да се забележи дека бројот на вработени и преголем и не се во склад со европските стандарди и критериуми, исто така превисоката бројка не одговара и на етничката слика на регионот, односно во најголем дел се вработени лица Македонци, додека останатите етникуми имаат незначително учество во вкупната бројка. И додека општините Зајас и Осломеј според својата големина имале соодветен број на вработени, општините Другово, Вранештица и Кичево имале голема превработеност што е една од причините за зголемената задолженост. Иако сум на ова место повеќе од месец дена, сè уште немаме извршено примопредавање на повеќето општини, конкретно мислам на општините Вранештица, Другово и Кичево, но и тоа очекувам да се случи во најскоро време – изјави Фатмир Дехари, новиот градоначалник на реорганизираната општина Кичево.

Тој вели дека во моментов во сегашната Општина Кичево се вработени 167 лица или  тројно повеќе луѓе од оптималната бројка, која според бројот на жителите треба да  изнесува околу 60 вработени.  Дехари реагираше на 201 вработен во ЈП Комуналец Кичево. Смета дека оваа бројка е далеку над бројката и обемот на градот како што е Кичево. Направи и етнички профил на вработените:

– 145 се Македонци, 16 Албанци, 16 Роми и 24 Турци. На овој начин е извршена дискриминација по етничка линија во градот и општината.

Сепак немало да ги брка од работа вработените по оглас.

– Јас ви гарантирам дека сите вработени кои се примени на оглас и според критериумите за вработување, а ги задоволуваат и останатите стандарди ќе останат на работа. Оние лица кои биле примени со договор на дело, треба да знаат дека нивната обврска завршува, со денот до кога гласи нивниот договор – додаде тој.

Реагираше и  на долговите, главно на долгот на училиштата. Најголема била задолженоста на ОСУ „Мирко Милески”, од 23 милиони денари и ОСУ„ Дрита” од 26.350.000 ден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top